| четврток, 6 декември 2018 |

Младински лидерски камп 2014 во Крушево

Стекнување лидерски способности преку соодветни вежби за разбирање на концептот на граѓанско општество базирано на демократски вредности и вклучување и учество наспроти конфликт е целта на еднонеделниот Младински лидерски камп што се одржува во Крушево до 24 јуни.

кру

На Кампот, во детското одморалиште „Шула Мина“, учествуваат младинци од 14 до 17 години од цела Македонија кои зборуваат англиски јазик.

кру 2

Како што соопштија организаторите, Младинската Асоцијација ИМКА од Битола и Мировниот Корпус на Македонија, фокусот на обуките се теми од областа на граѓанскиот активизам, демократските вредности, здравјето, свеста за животната средина, креативни медиуми, управување со проекти,…

кру 3

Младинскиот Лидерски Камп е една од програмите дизајнирани за поттик и развој на младите луѓе како идни лидери. Целта е градење средина во која младите од различна етничка и верска припадност, неоптоварени од разни проблеми ќе можат заеднички да ги развиваат основните вредности и да учат нови способности за градење на нивниот демократски капацитет, поттикнување на младински активизам, како и способности за личен и професионален развој преку стекнување практични вештини.

Кампот се организира од 2006 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top