На Кампот, во детското одморалиште „Шула Мина“, учествуваат младинци од 14 до 17 години од цела Македонија кои зборуваат англиски јазик.
Како што соопштија организаторите, Младинската Асоцијација ИМКА од Битола и Мировниот Корпус на Македонија, фокусот на обуките се теми од областа на граѓанскиот активизам, демократските вредности, здравјето, свеста за животната средина, креативни медиуми, управување со проекти,…
Младинскиот Лидерски Камп е една од програмите дизајнирани за поттик и развој на младите луѓе како идни лидери. Целта е градење средина во која младите од различна етничка и верска припадност, неоптоварени од разни проблеми ќе можат заеднички да ги развиваат основните вредности и да учат нови способности за градење на нивниот демократски капацитет, поттикнување на младински активизам, како и способности за личен и професионален развој преку стекнување практични вештини.
Кампот се организира од 2006 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





