| четврток, 6 декември 2018 |

Вестервеле боледува од леукемија

vest

Поранешниот германски министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле заболеле од леукемија, објавија во петок германските медиуми.

Шефот на бирото на фондацијата на Вестрвеле, Александер Вогел изјави во петокот во Берлин дека 52-годишниот поранешен шеф на германската дипломатија, член на Либералната партија, боледува од акутна леукемија.

Вестервеле ќе биде подвргнат на лекување со цел целосно да биде излечен, рекол Вогел, со замолување до медиумите да не поставуваат дополнителни прашања за неговата здравствена состојба.

Вестервеле од 1994 до 2001 година беше генерален секретар на германската либерална партија FDP, а од 2001 до 2013 година беше шеф на германската дипломатија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top