| четврток, 6 декември 2018 |

Сноуден одби да се сретне во Москва со германска комисија

едварда

Поранешниот соработник на американската НСА, Едвард Сноуден ги одби повиците за средба во Москва со претставници на германска
парламентарна комисија поради истрага за прислушувањето од страна на САД и нивните сојузници.
Пратеници од германската комисија се надеваа на неформална средба со Сноуден во Москва. Планот се појави откако опозициски партии побараа Германија да му дозволи на Сноуден да дојде во Берлин, со цел да сведочи, но Владата оцени дека доколку се слуќи тоа
ќе бидат нарушени односите со САД.
Германскиот адвокат на Сноуден, Волфганг Калек вчера и одговори на комисијата дека со својот клиент ги разгледал предлогот и „нема ниту место, ниту потреба за неформална средба во Москва“, каде Американецот има добиено привремен азил.
Според Калек, давањето вистинити искази е можно само во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top