| четврток, 6 декември 2018 |

Безидејноста на Заев ќе го закопа СДСМ

За­ев про­дол­жу­ва со ина­е­те­ње, а на Ше­ке­рин­ска ѝ оста­ну­ва да ги ва­ди вре­ли­те ко­сте­ни. Ва­ка на­кра­тко изг­ле­да со­стој­ба­та во вр­вот на СДСМ по вра­ќа­ње­то од Бри­сел. И не са­мо од Бри­сел. Исти­те по­ра­ки во кои јас­но и нед­вос­мис­ле­но е по­ра­ча­но де­ка ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја не­ма под­др­шка во неј­зи­ни­от от­пор, а за оп­ци­ја­та тех­нич­ка вла­да не ста­ну­ва збор, вр­вот на пар­ти­ја­та ги до­би­ла и од вли­ја­тел­ни­те ам­ба­са­ди во Ма­ке­до­ни­ја и од брат­ско-се­стрин­ски­те пар­тии во ре­ги­о­нот и во Евро­па. Пра­ша­ње е ка­ко Ше­ке­рин­ска, кај ко­ја по­ра­ди неј­зи­но­то прет­ход­но искус­тво се гле­да по­го­лем ин­сти­ту­ци­о­на­лен ка­па­ци­тет и поз­на­ва­ње на де­мо­крат­ски­те вред­но­сти, ќе ус­пее да ја со­пре ла­ви­на­та, ко­ја неј­зи­ни­от шеф про­дол­жу­ва да ја пре­диз­ви­ку­ва на ште­та на це­ла­та др­жа­ва

Ма­ке­дон­ска­та јав­ност на­вик­на ме­сто из­вор­но, по сред­би­те на ли­де­рот на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те во странс­тво да се ин­фор­ми­ра пре­ку пар­ти­ски со­оп­ште­ни­ја од цен­тра­ла­та на по­ра­неш­на Би­ха­ќка. Ако не­кој на ше­га ве­ли де­ка Зо­ран За­ев до­бил пар­ти­ска за­бра­на за јав­ни на­ста­пи, тоа не го спре­чи на Ду­хо­ви да се из­јас­ни за слу­ча­јот „Гло­бал“. Во днев­ни­те пре­пи­ски со ВМРО-ДПМНЕ, тој го по­со­чи „Гло­бал“, ка­ко и ин­те­ре­сот на ме­ди­у­ми­те за слу­ча­јот, ка­ко ди­рект­на при­чи­на зо­што но­ва­та пар­ла­мен­тар­на гру­па на опо­зи­ци­ја­та тре­ба да бој­ко­ти­ра.

Трет­ма­нот во ме­ди­у­ми­те, спо­ред не­го, е крун­ски­от до­каз за по­тре­ба­та од бој­кот.

– За­тоа не тре­ба ни­ко­му да му би­де чуд­но зaтоа ­што е не­доз­во­ли­во по­втор­но опо­зи­ци­ја­та да по­пу­шти во сво­и­те ста­во­ви за не­приз­на­ва­ње на из­бор­ни­от про­цес и не­при­фа­ќа­ње на пра­те­нич­ки­те ман­да­ти – по­ра­ча За­ев од гра­дон­чал­нич­ка­та фо­тел­ја.

– По­ра­ди овој пред­мет, „Гло­бал“ и де­на­ци­о­на­ли­за­ци­ја­та на зем­ји­ште­то на кое е из­гра­ден „Гло­бал“, шест го­ди­ни Гру­ев­ски, вла­ста и ме­ди­у­ми­те бли­ски на вла­ста не ме сим­наа по­до­лу од або­ли­ци­ран, кри­ми­на­лец и што ли уште не – по­со­чу­ва За­ев на прес-кон­фе­рен­ци­ја.

Но, За­ев не са­ка да приз­нае де­ка за ли­дер на по­ли­тич­ка пар­ти­ја, уште и пар­ти­ја што пре­тен­ди­ра да би­де глав­на опо­зи­ци­ја – од­нос­но што пре­тен­ди­ра да во­ди др­жа­ва – по­до­лу и не­ма. Се­ри­о­зен по­ли­ти­чар со ли­дер­ски ка­па­ци­тет не­ма­ше да из­бег­не про­цес, и тоа пре­ку по­ми­лу­ва­ње од сво­јот мен­тор, без да се вле­зе во прав­на бор­ба на до­ка­жу­ва­ње на фа­кти­те. Се­га За­ев оче­ку­ва јав­но­ста да не го зе­ма пред­вид фа­кто­рот „ку­ка­вич­лак“, фа­кти­те и до­ка­зи­те на ин­сти­ту­ци­и­те, ту­ку да ве­ру­ва са­мо на не­го­ви­те из­ја­ви ба­зи­ра­ни на „жи­ми мај­ка“ за не­ви­ност. И де­ка тоа е до­во­лен до­каз зо­што пра­те­ни­ци­те не тре­ба да се вра­тат во пар­ла­мен­тот до­де­ка тој си ја упра­ву­ва Стру­ми­ца.

Но, не­го­ви­от крут став да се не­ги­ра сѐ, освен на­у­ме­ни­от или пре­пи­шан от­пор, ја по­ка­жу­ва са­мо не­го­ва­та не­моќ да се со­о­чи со при­ти­со­кот од со­стој­ба­та пред ко­ја ги до­не­се со­пар­тиј­ци­те. Исто­вре­ме­но, еден од твор­ци­те на пар­ти­ска­та из­бор­на про­гра­ма, ко­ја е при­чи­на­та за ка­та­стро­фал­ни­от по­раз, Ки­ре На­у­мов, ба­ра кон­крет­на ак­ци­ја. Ве­ли де­ка не смее да има пре­го­во­ри и до­го­во­ри со ре­жи­мот, или „пр­ви­от че­кор на искре­на­та опо­зи­ци­ја е да не сед­не во пра­те­нич­ки­те клу­пи“.

Што би­ла цел­та на За­ев и до ка­де до­се­га­ле не­го­ви­те ве­ту­ва­ња за да се освои не­ка­ква под­др­шка од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца се гле­да и од ста­вот на Сол­за Гр­че­ва, ед­на од но­во­из­бра­ни­те пар­ла­мен­тар­ни чле­но­ви на от­по­рот. Таа пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи на ста­вот на На­у­мов пи­шу­ва: „Комп­ле­тен бој­кот на си­те ин­сти­ту­ции. Да из­ле­зат си­те со­вет­ни­ци, гра­до­на­чал­ни­ци, пре­тсе­да­те­лот на ДИК, од си­те те­ла ка­де што се дој­де­ни по по­ли­тич­ки пат (ра­ди­о­ди­фу­зи­ја, ко­ми­си­ја за лу­стра­ци­ја…). Са­мо комп­ле­тен бој­кот ќе има ефект да се бло­ки­ра др­жа­ва­та“.

Всуш­ност, на ви­де­ли­на из­ле­гу­ва­ат и ве­ту­ва­ња­та на За­ев де­ка ќе до­би­јат по­мош и при­ти­сок од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца во бој­ко­тот што би тре­ба­ло да до­ве­де до ба­ра­на­та тех­нич­ка вла­да и но­ви из­бо­ри, но и фру­стра­ци­и­те на но­во­пе­че­ни­те пра­те­ни­ци во от­по­рот од вре­ме­то што ми­ну­ва, до­де­ка тие ни ва­му – ни та­му го сле­дат ли­де­рот, кој сѐ уште го др­жи гра­до­на­чал­нич­ко­то ме­сто.
Вре­ме­то ми­ну­ва, а по­мо­шта ја не­ма. Не­ма ни­ту приз­на­ние од водс­тво­то де­ка, всуш­ност, из­ја­ва­та на За­ев де­ка СДСМ, се­ка­ко, ќе ги за­гу­бе­ше из­бо­ри­те, е ар­гу­мент по­ве­ќе за стран­ци­те де­ка от­по­рот е бес­пред­ме­тен.

 

Aktuelno93-3

Же­шки­те ко­сте­ни за Ше­ке­рин­ска

Не­ма по­мош во соз­да­ва­ње­то ус­ло­ви во кои вр­вот на СДСМ ќе тре­ба пред членс­тво­то да ре­че „пу-пу не ва­жи, се вра­ќа­ме на­зад“. Всуш­ност, це­ли­от то­вар по сред­би­те со стран­ци­те па­ѓа на Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска. Ка­ко не­ко­га­шен др­жа­вен функ­ци­о­нер од об­ла­ста на вгра­ду­ва­ње на за­пад­но­е­вроп­ско­то пра­во, ин­те­гра­ци­и­те, па и по­ра­ди неј­зи­но­то по­го­ле­мо ме­ѓу­на­род­но искус­тво, тие од неа се­га оче­ку­ва­ат да знае кол­ку е важ­но да се вле­зе во про­це­сот на зац­вр­сту­ва­ње на ин­сти­ту­ци­и­те и на де­мо­крат­ски­от ка­па­ци­тет. Таа се­га тре­ба да ја сми­ри топ­ка­та и да ус­пее без по­го­ле­ми вна­тре­пар­ти­ски тур­бу­лен­ции да соз­да­де рас­по­ло­же­ние, но и да „ви­ди ус­ло­ви“ за да ги вра­ти пра­те­ни­ци­те во пар­ла­мен­тот.

На Ше­ке­рин­ска во­оп­што не­ма да ѝ би­де лес­но да ги об­јас­ни фа­кти­те што ги наг­ла­су­ва­ат Бри­сел, европ­ски­те со­ци­јал­де­мо­кра­ти, ам­ба­са­до­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја. Пред дво­е­цот на СДСМ би­ле пре­до­чу­ва­ни и фа­кти­те де­ка са­ми­те си го кре­и­раа Из­бор­ни­от за­ко­ник (и врв­но­то до­стиг­ну­ва­ње – обе­ле­жа­ни­те но­кти), но и глав­ни­от ар­гу­мент – приз­на­ни­е­то на За­ев во по­стиз­бор­но ин­терв­ју де­ка СДСМ, се­ка­ко, ќе ги за­гу­бе­ше из­бо­ри­те. Осо­бе­но Ше­ке­рин­ска ќе се ис­по­ти да им го об­јас­ни тоа на си­те што мо­раа да пот­пи­шу­ва­ат но­тар­ски из­ја­ви, из­ма­ни­пу­ли­ра­ни со нај­а­ви­те од За­ев де­ка тој е след­ни­от пре­ми­ер и де­ка сѐ уште жи­вее иде­ја­та за тех­нич­ка вла­да.

По „бег­ство­то“ на вр­вот на СДСМ од јав­но­ста пред се­ди­ште­то на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, од ка­би­не­тот на евро­ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње Ште­фан Фи­ле бе­ше упа­те­но со­оп­ште­ние во кое се ве­ли де­ка но­ва­та вла­да тре­ба да пре­зе­ме мер­ки за ука­жу­ва­ња­та од ОБСЕ/ ОДИХР. Са­мо­то наг­ла­су­ва­ње „но­ва­та вла­да“, зна­чи де­ка ба­ра­ње­то за тех­нич­ка вла­да, ба­ра­ње од кое СДСМ не се отка­жу­ва – е не­ос­но­ва­но, не­при­фат­ли­во и не­ра­зум­но. Не­ма ни­ту збор за под­др­шка и раз­би­ра­ње, ту­ку ди­рект­но ука­жу­ва­ње до нив за вра­ќа­ње во пар­ла­мен­тот ка­ко на­чин да ги иска­жат сво­и­те за­бе­ле­шки и да при­до­не­сат во по­треб­ни­те ре­фор­ми.

 

За ефектот од средбите во Брисел и со амбасадорите било запознаено само раководството на партијата, но не и членството, велат извори од партијата. Се додава дека додека Заев води војна, Шекеринска сериозно се размислува да ги послуша советите од меѓународната. Барањето на апанажа од Собранието, се толкува како лично неогласување со непризнавањето на Парламентот. И како прв чекор кон лобирањето за враќање во него. На неа е сега да ја смири топката и без поголеми внатрепартиски турбуленции да „види услови“ за враќање на СДСМ и на опозицијата во Парламентот.

 

Aktuelno93-2

Пу­ста жел­ба

От­по­рот и бој­ко­тот на пар­ла­мен­тар­ци­те на опо­зи­ци­ја­та му се својс­твен ам­би­ент на За­ев. На прес-кон­фе­рен­ци­ја­та за „Гло­бал“, тој из­ја­ви:

Опо­зи­ци­ја­та ед­наш се вра­ти во пар­ла­мен­тот, на­пу­штај­ќи го по­ра­ди Зо­ран За­ев и не­го­во­то при­тво­ра­ње….

На­ви­ка­та те­шко се ме­ну­ва. Се­га, тој не ги дос­лу­шу­ва по­ви­ци­те на но­во­из­бра­ни­те, кои ја имаа че­ста да се фо­то­гра­фи­ра­ат со не­го пред пор­ти­те на пар­ла­мен­тот, за „со­ли­дар­но“ да се пов­ле­че од стру­мич­ка­та власт. Не ги дос­лу­шу­ва ни­ту по­ра­ки­те што сѐ пог­лас­но и по­о­тво­ре­но до­а­ѓа­ат од си­те стра­ни за вра­ќа­ње во ин­сти­ту­ци­и­те. Зго­ра на сѐ, За­ев по­ста­ву­ва до­пол­ни­тел­ни ус­ло­ви, да би­дат „рам­но­пра­вен од­го­во­рен парт­нер“.

– Се­га ба­ра­ме да би­де­ме рам­но­пра­вен од­го­во­рен парт­нер, со си­те најв­ли­ја­тел­ни по­ли­тич­ки фа­кто­ри, во га­ран­ци­ја­та на сло­бод­но изра­зу­ва­ње на вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те – ба­ра За­ев.

За вол­ја на ви­сти­на­та, СДСМ ја има­ше по­зи­ци­ја­та „рам­но­прав­но од­го­во­рен парт­нер“ ко­га се изра­бо­ту­ва­ше Из­бор­ни­от за­ко­ник. Исти­от тој што се­га ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца им го трие над гла­ва. За да се би­де, пак, рам­но­пра­вен „со си­те најв­ли­ја­тел­ни по­ли­тич­ки фак­то­ри“ тре­ба да се осво­јат гла­со­ви. Во сло­бод­но изра­зе­на вол­ја на гра­ѓа­ни­те. На из­бо­ри, во нат­пре­вар на идеи и на про­гра­ми. Да се сог­ле­да­ат ви­стин­ски­те со­стој­би во др­жа­ва­та и да се пре­поз­на­ат по­тре­би­те на гла­са­чи­те. До­кол­ку, пак, се­ка­ко, гра­ѓа­ни­те по­втор­но му по­ве­ру­ва­ат и го да­дат гла­сот за СДСМ до­де­ка го ра­ко­во­ди За­ев.

Свес­но или не, тоа што го пре­диз­ви­ку­ва За­ев со сво­и­те на­ста­пи и ре­ак­ции по­ра­ди ина­е­те­ње, ја втур­ну­ва не­ко­гаш вли­ја­тел­на­та ма­ке­дон­ска пар­ти­ја во „ве­штач­ка дол­го­трај­на ко­ма“ од ко­ја, по­тоа, те­шко де­ка пар­ти­ја­та ќе се оста­не без трај­ни пос­ле­ди­ци. Неј­се, за пос­ле­ди­ци­те на СДСМ од За­ев не­ка му ја мис­ли членс­тво­то. Но, пра­ша­ње е кој ќе би­де од­го­во­рен за пос­ле­ди­ци­те што од не­го­ви­те че­ко­ри (ќе) ги тр­пи це­ла­та др­жа­ва. Да­ли вла­ста – ко­ја тре­ба да ја не­ги­ра це­ла­та де­мо­крат­ска ло­ги­ка и да трг­не спро­тив­но на јас­но изра­зе­на­та вол­ја на гра­ѓа­ни­те? Или СДСМ и членс­тво, кои сѐ уште го сле­дат ина­е­тот на ли­де­рот? Пос­ле­ди­ци­те се на­ѕи­ра­ат. А, по нив…

 

(Пишува: Наум Стоилковски | Фото: Република
Текст објавен во 93. број на неделникот „Република“, 13.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top