Истражувањето што го спроведе Transport Research Laboratory од Велика Британија откри дека пишувањето СМС пораки го забавува времето на реакција за 37 проценти на возачите. За споредба, марихуаната го забавува времето на реакција за 21, а алкохолот до дозволената граница за 13 проценти.
Разговарањето на мобилен телефон е најопасно – ги забавува реакциите за 46 проценти.
Затоа во Велика Британија властите разгледуваат драстични казни за оние кои зборуваат на мобилен телефон додека возат, како, на пример, одземање на дозволата на една година и парична казна, исто како и за возењето во пијана состојба.
За период од десет години, колку што се казнува користењето мобилен телефон во текот на возењето, во Велика Британија казната пораснала од 30 на 100 фунти, но судот може да одреди и казна од илјада фунти.
Во 2012 година во Велика Британија забележани се 378 сообраќајни несреќи во кои главната улога ја играле мобилните телефони, во нив 548 лица биле повредени, а 17 загинале.
Во Македонија казната за зборување на мобилен телефон додека возите е 45 евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.