Судот на округот Тел Авив го прогласил Ури Луполиански, градоначалник во периодот од 2003 до 2008 година, за виновен за корупција бидејќи примил два милиона шекели (570 илјади американски долари) како поткуп од промоторот на големиот проект со недвижнини во Ерусалим, наречен „Холиленд“.
Одлуката на судот во овој предмет е веќе донесена, а објавувањето на пресудата за Ури Луполиански е одложена поради неговата здравствена состојба.
Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт на 13 мај беше осуден, исто така, на шест години затвор поради корупција во големата афера „Холиленд“ со недвижнини во периодот додека беше градоначалник на Ерусалим, од 1993 до 2003 година. Притоа, 68-годишниот Ехуд Олмерт, освен што е осуден на шестгодишна затворска казна, треба да плати парична глоба од милион израелски шекели или 210 илјади евра.
Со тоа Олмерт стана првиот политичар во израелската историја кој е осуден на реална затворска казна, и доколку не му биде овозможено да се жали пред Врховниот суд, ќе биде највисокиот функционер затворени во земјата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата, резултатите разочарувачки
-
Браво за СДСМ, и Африка стана подобра од Македонија!
-
Страшно пророштво на Мајка Исидора: Катастрофа доаѓа, нешто страшно ќе се случи во Ерусалим! (видео)
-
Ердоган: Светските сили да го признаат Ерусалим за главен град на Палестина