| четврток, 6 декември 2018 |

Даниела Арсовска е нов лидер на ССМ

Даниела Арсовска е новиот претседател на Сојузот на Стопански комори. Со 232 гласа го победи нејзиниот против кандидат Мирче Чекреџи кој доби 152 гласа. Арсовска беше претседател на Услужна комора, а пред гласањето изјави дека ќе работи во насока на создавање на подобри услови за работа и развој на микро, малите и средни претпријатија.

“Ќе се залагам за организациски развој на Сојузот, економски раст на компаниите, нивно институционално и вонинституционално помагање, иницирани законски измени и двојно зголемување на бројот на членството. Минатата година, за 12 месеци Услужната комора успеа двојно да го зголеми бројот на членови. Се надевам дека овој успех ќе го постигнеме и на ниво на Сојузот, изјави Даниела Арсовска нов претседател на ССК.

Мирче Чекреџи изјави дека како член на комората и понатау ќе работи на подобрување на состојбите во македонската економија.

“Болките што го мачат македонското стопанство се неликвидноста, државните органи да плаќаат побрзо, за максимум 60 дена, да се усогласи монетарната политика, а власта да не се задолжува на домашниот пазар, туку ако и се потребни средства за работа да се задолжи на странските пазари со цел парите на банките да се пласираат во корпорациите зашто има недостиг на инвестициски и обртни средства“ изјави Мирче Чекреџи.

Досегашниот претседател Златко Калеников функцијата ја извршуваше пет и пол години. Тој порача дека приоритет на новиот претседател треба да биде развој на гранските комори и групации. Сојузот брои 8 грански комори, 19 групации и преку 1.500 членки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top