Од почетокот на акцијата „Цел Центар на точак“, за две недели се поднесени 239 барања за субвенционирање купен велосипед. Општина Центар субвенционира 30 отсто од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари.
Најголем дел од пријавените се на возраст од 35 до 45 години, а се пријавиле и родителите за набавка на велосипед за нивните деца.
– Доколку акцијата се покаже успешна, наредната година од буџетот ќе одвоиме повеќе средства, а Општината ќе направи патеки и паркиралишта за велосипеди. Користа е повеќекратна, се грижиме за животната средина, има помалку издувни гасови и сообраќај – велат од Општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Пожар во центарот на Скопје (фото)
-
Трагедија во Холандија: Четири деца загинаа кога воз удри во велосипед
-
Скопје доби полицајци на велосипед: Во Центар ќе патролираат шест полицајци-велосипедисти