| четврток, 6 декември 2018 |

Каревска-Топузовскa влезе во Собрание, Ахмети дојде, Тачи не се појави на гласањето на новата влада

Почна седницата на која се избира новата влада, по парламентарните избори во април, на кои убедливо победи ВМРО-ДПМЕ. Опозицијата не присуствуваше. На местото наменето за пратениците од СДСМ и коалициските партнери седеше само Розa Каревска-Топузовска. На седницата присуствуваше лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но не и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Тој бил оправдано спречен да биде дел од седницата на која се гласа за новата влада…Sednica za nova vlada 07 (Custom)

Мандатарот Никола Груевски во своето експозе им го честиташе изборот на пратениците што се во салата, но и на тие, кои, како што рече Груевски, поради разна политика, не се во парламентот иако пред нецели два месеца ги молеа граѓаните да ги изберат.

Сите ние имаме цел нашите граѓани да имаат поубав живот. Но, имаме различни принципи и идеологии. Имаме голема одговорноста кон дадениот збор. Треба да се има добар тим со стручни компетенции и нивните чесни намери. Од 24 години демократија, овој предложен тим има добри успеси. Не велам дека правиме чуда или дека такво нешто сме ветувале. Не сум ветил дека сме безгрешни. Но, направивме многу и народот тоа го оцени и процени. Со некои наши грешки можеби некого сме повредиле, и за тоа најискрено жалам – изјави Груевски.

Sednica za nova vlada 04 (Custom)

Груевски уште еднаш повтори дека цели и приоритети на Владата  ќе бидат зголемување на економскиот пораст и на вработеноста, интеграција во ЕУ и во НАТО, бескромпромисна борба против криминалот, добри меѓуетнички односи, спроведување на Рамковниот договор и развој на образованието. Во идната програма има предвидено 2.000 проекти.

Планираме пораст на БДП три до шест проценти во целиот овој мандат. Инфлацијата да остане од 2,5 до три проценти годишно. Зголемување на кредитната поддршка на банките кон приватниот сектор, 30 нови странски инвестиции во кои ќе се вработат 10.000 граѓани и зголемен извоз до 10 проценти годишно. Платите, пензиите и социјалната помош ќе бидат зголемени, нови 64.000 места ни се планирани да бидат отворени. Планираме кредити и грантови за самовработување. Ќе изградиме 660 станови за ранливите лица, а ќе има зголемување на минималната плата – вети Груевски.

Sednica za nova vlada 09 (Custom)

Груевски рече дека новата влада е комбинација од мадоста и искуството, составена од компетентни и стручни кадри, кои, како што истакна, со чесна работа ќе се вложат во прогресот на државата.

Sednica za nova vlada 01 (Custom)

Sednica za nova vlada 02 (Custom) Sednica za nova vlada 03 (Custom)  Sednica za nova vlada 05 (Custom)

Фото: Игор Ангеловски (Република)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top