| четврток, 6 декември 2018 |

Порноактерка пронајдена на парчиња на дното на езеро

Италијанската порноѕвезда Федерика Џакомини (43) беше пронајдена мртва на дното на езерото Гарда во Италија пет месеци откако беше прогласена за исчезната, јавуваат италијанските медиуми.

Нејзиното тело беше пронајдено распарчено и напикано во ковчег, кој бил фрлен во езерото.

Езерото го пребаравме по анонимниот повик дека непознато лице е видено како фрла голем објект во водата. Во ковчегот се наоѓаа пластични ќеси со делови од телото – изјави портпаролот на италијанската полиција.

Како главен осомничен, полицијата го уапси поранешен партнер на Џакомини, Френк Мосони (55), откако по претресот на неговиот дом полицијата пронашла прачки, ножеви, но и облека и лични документи од жртвата.

Мосони ѝ е познат на полицијата. Тој неодамна излезе од затвор, каде што издржуваше казна за убиство на водоводџија во 1978 година, поради расправија за девојка.

Федерика Џакомини во текот на три години актерска кариера се појави во 16 порнофилмови под сценското име Џиневра Холандер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top