| четврток, 6 декември 2018 |

Кукавицата не смееше да ја чуе пресудата!

music

Даријан Мусиќ (25) во Вишиот суд во Нови Сад за свирепото убиство на Владислава Червенко е осуден на 40 години затвор, но тој не беше таму за да ја чуе пресудата. Мусиќ не бил во судницата на лично барање, пишува српски „Блиц“. Како што е објаснето, немал обврска да пристапи на изрекување на пресудата, па судот не дал наредба за приведување.

– Кукавицата не дојде да ја чуе пресудата – рече низ солзи Тања Червенко, сестра на убиената манекенка.

Додека судијата Тамара Радовиќ ја читаше пресудата, во големата сала владеела тишина, а откако таа прочитала дека убиецот е осуден на најтешката казна, во преполната сала се слушнал громогласен аплауз.

cervenko

– Така треба да работат судовите. Овој совет би го осудил и да постоеше смртна казна. Монструмот во моето дете скрши сѐ. Таква пресуда треба да добие секој што ќе се осмели да посегне по туѓ живот – повикал Едмунд Червенко, татко на Владислава, откако судиката ги прочита пресудата и образложението.

Ни мајката на манекенката не можеше да ги запре солзите.

– Со оваа пресуда е спасен животот на нечие дете – лелекаше Александра.

Судскиот совет пресудил дека Мусиќ  е крив за тешко убиство со предумисла бидејќи бил свесен за своите постапки додека Владислава Червенко ја ударал најмалку 50 пати. Девојката пред да почине 10 минути била во агонија од болка. Нејзиното безживотно голо тело полицајците го пронашле во локва крв. По бројните модринки се гледало дека била мачена, а потоа убиена. Монструмот гасел цигари на неа, а пота ја тепал толку многу што ѝ ги скршил ребрата, градниот кош, прстите и ѝ ги оштетил бубрезите и црниот дроб. Единствено лицето не ѝ било допрено.
– Оптужениот покажал свирепост нанесувајќи ѝ на девојката такво страдање кое го надминува страдањето при обично убиство – рекла судијката додека ги набројувала повредите кои Мусиќ ѝ ги нанел на својата тогашна девојка.

владислава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top