| четврток, 6 декември 2018 |

Ф.К. Вардар со шест нови засилувања

Седумкратниот македонски фудбалски првак Ф.К. Вардар, со задоволство може да го потврди трансферот на шест нови засилувања за престојната сезона кои ќе го носат црвено-црниот дрес.

Денеска во просториите на клубот, во присуство на извршниот директор Самоил Симев и претседателот Мирко Спасески беа потпишани договори со актуелните македонски репрезентативци Бобан Грнчаров, Благоја Љамчевски, Дарко Глишиќ, Никола Глигоров, ерменскиот репрезентативец Хофханес Хамбаџумјан и хрватскиот голман Матија Кобетиќ.

Македонските репрезентативци покажувајќи ја љубовта и почитта спрема Вардар одлучија да го стават својот потпис со клубот и своите кариери да ги продолжат во Македонија.

Целта на Ф.К. Вардар за наредната сезона е да сеоздаде моќен и квалитетен тим, кој ќе успее да ја врати титулата во македонското првенство и достојно да ја претставува македонската гордост низ Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top