Поп-иконата Мадона повторно најде многу помладо момче. Пејачката (56) се гледа со 26-годишниот кореограф и играч, Тимор Стефенсон.
Мадона и Тимор се видени како заедно доаѓаат на една претстава на Бродвеј. Некои медиуми пишуваат дека тие се забавуваат веќе неколку месеци. Како што понатаму наведува изворот, Мадона и Тимор се запознале минатата зима во Швајцарија, меѓутоа истакнува дека нивната врска не е сериозна.
-Во прашање е незадолжителна врска- заклучил изворот.
Тимор има завидна биографија, играл со Бијонсе, Мајкл Џексон и Крис Барун, а се чини дека младите пејачи се се популарни меѓу познатите пејачки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



