| четврток, 6 декември 2018 |

„Грамофонџије“, „Бед Копи“ и Бајага на вториот „Еко грин фест“ во Маврово

Втора година по ред Маврово ќе биде домаќин на најголемиот еко-фестивалски настан во Македонија.„Еко грин фестивал 2014“ (Eco Green Festival 2014), кој ќе се одржува од 11 до 13 јули, покрај одличната музичка понуда, во својата понуда вклучува и други активности за сите оние кои ќе присуствуваат на ова одлично фестивалско искуство.

Gramophonedzie“ се едни од главните артисти кои ќе настапат на фестивалот. Во редот на хедлајнери се вбројува и хип-хоп составот „Bad Copy“, „Plan G“ како и Бајага со неговите „Инструктори“. Главни македонски претставници ќе бидат рок-составот „Ареа“ и Гоце САФ кои поддржани од диџеј ЗомаксZomax и диџеј Maц ќе ја комплетираат фестивалската музичка програма.

Покрај концертните часови, во текот на трите фестивалски дена општина Маврово ќе биде комплетно посветено на фестивалот, со цел да претстави дел од својата традиција, обичаи, како и понуда за туристите во летните денови. Како позната зимска туристичка дестинација, „Еко грин фестивал 2014“ ќе биде искористен и за промоција на убавините и забавните содржини кои Маврово ги нуди и во останатите годишни времија.

Велосипедско искуство низ општина Маврово, рибарење на Мавровското езеро, дегустација на традиционално подготвени јадења, натпревари во брзо сечење дрва, влечење јаже се само дел активностите кои се наменети за дополнителна забава на посетителите.

Со цел овозможување на вистинско фестивалското искуство, на самата локација на „Еко грин фестивал 2014“ е организирана можност за кампување и поставување на камп шатори.

Дополнително, значајно е да се напомене дека и оваа година, ќе се обрне посебно внимание на еколошкиот аспект на фестивалот. Најразлични еко акции ќе се оргранизираат во склоп на фестивалот, почнувајќи од чистење на околината и брегот на езерото, па се до собирање на целиот отпад по завршувањето на фестивалот.

Организаторите најавуваат вистинско фестивалско уживање во македонскиот туристички бисер. Одличната музичка програма и дополнителна забава за присутните е само повод граѓаните да дојдат на „Еко грин фестивал 2014“ и да уживаат во свеж воздух и одлична еко забава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top