| четврток, 6 декември 2018 |

Маврово е спремно за утрешниот почеток на „Екогрин-фестивал“

Букирани викендички, хотели со уште по некој слободен кревет, техника и бина во изработка, раководителите на спортските активности подготвени… Ова е сликата на Маврово деновиве во пресрет на „Екогрин-фестивал 2013“.

На самиот почеток на фестивалот, жителите живеат во духот на целиот настан, секој на свој начин придонесува за првиот „Фемили фест“.

Фестивалот ќе трае три дена, додека, пак, четвртиот, последниот ден на фестивалот, е предвиден како ден за чистење на локацијата и на околината од отпадоци и смет.

За посетителите на фестивалот, организаторот „Еко Маврово“ обезбеди бесплатен камп во самата близина на фестивалското случување. Истиот е подготвен и ги чека камперите. Покрај кампот, битно да се истакне и поволното хотелско сместување коешто во некои хотели изнесува 600 денари. Цените на храната и пијалоците се поволни и достапни за сите посетители.

Официјалниот музички распоред на „Екогрин Маврово“ во текот на попладневните часови е надополнет и со детска програма и детски диџеј, на која ќе се преслушуваат сите македонски детски хитови. Исто така за атмосферата кај дечињата ќе се погрижи и аниматор кој за време на детската програма ќе ги забавува најмладите посетители на „Екогрин-фестивал“.

Фестивалот е со бесплатен карактер, со исклучок на саботната вечер за којашто цената на билетите изнесува 300 денари и истите може да се купат преку продажната мрежа на „мк тикетс“ како и во салоните на ОНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top