Љубица Буралиева попушти под притисокот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кој два дена вршеше континуиран притисок врз неа за да ја промени одлуката за враќање во Собранието.
Буралиева на својот профил на „Фејсбук“ ја напиша својата најнова одлука и веднаш повторно го деактивираше профилот. Таа признава за притисокот кој се вршел врз неа, порачувајќи дека “пукале и плукале во грешна цел“.
– Се откажувам од „довербата“ на оние што ми ја „дадоа“… од себеси и од мојата идеологија, од искрената заложба за вистинска слобода, ни досега, ниту отсега, не се откажувам. За ничии, ама баш за ничии интереси не одработувам. Секој со свое совест нека гази на земјава. На искрените пријатели им се извинувам што несакајќи беа дел од оваа згрешена приказна. Признавам, за вака „високи“ цели не сум употреблива, им оставам простор на „надпросечните“ за кои постојано се прашував како тоа опстојуваат. Пукате и плукате во грешна цел – напиша Буралиева.
Таа беше подложена врз континуиран притисок остра осуда по изнесениот став дека ја повлекува оставката и нема да дозволи нејзиното место да го завземе некој лажен опозиционер.
Медиумите блиски до СДСМ постојано ја напаѓаа нејзината одлука, додека на социјалните мрежи имаше навреди и закани до Буралиева од членови на СДСМ.
Еден од најсилните медиумски поддржувачи на СДСМ, новинарот Борјан Јовановски, по оваа одлука на Буралиева, на својот профил напиша:
„Врската на СДСМ со кадровската политика #буралиева е исто смешно како врската на ВМРО со естетика #ск2014“.
„Што ќе правите Вие, госпоѓо Буралиева во Собранието? Патем, кого ќе застапувате? Не заборавајте, не сте избрани на мнозинска листа. Инаку, ова што го кажувате држи колку решето вода“ – стои во друг коментар.
Друго лице, кој својот „Фејсбук“ профил го украсил со фотографии од лидерот на СДСМ, Зоран Заев и со обележја на оваа партија, на ѕидот на Буралиева напишал:
„Ваков потег најмалку од тебе очекував, после се’ размисли дали вреди да се избламираш и да си го извалкаш образот пред народот“
Ваквиот остар притисок врз Буралиева, кој ја натера да ја промени својата одлука го покажува недемократскиот капацитет во СДСМ, наспроти сите декларирања на најголемата опозициска партија.
Познавачите коментираат дека ситуацијата во СДСМ со оставките е комична и дека секојдневното премислување дава слика на личности кои нестабилно стојат на своите ставови, а претендираат да бидат власт и да ја водат државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



