| четврток, 6 декември 2018 |

Меси му ја исполни желбата на момчето (фото)

Една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, напаѓачот на Аргентина Лео Меси, на крајот сепак го израдува детето со кое пред неколку дена не се поздрави на мечот против Босна.

Многу прашина се крена околу потегот на Меси, кога не се поздрави со неговиот млад фан, но сепак тој објасни дека не било намерно туку дека не го видел, исто така и додаде:

– Како татко на мало дете, сигурно не би сакал да го растажам момчето.

Меси по натпреварот го најде момчето и направија заедничка фотографија која сигурно повеќе ќе му значи на момчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top