| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец најдобар ракометар на просторот на поранешна Југославија

Renato-Vugrinec-1

Ренато Вугринец, играчот на Металург и сега веќе македонски репрезентативец, е избран за најдобар ракометар на просторот на поранешна Југославија во сезона 2013/14. Ова е резултат од традиционалниот избор што го спроведува ракометниот портал “Балкан Хандбал“. Извонредниот Вугринец освои вкупно 57 бодови од посетителите на порталот и од жирито составено од новинари од шест земји во регионот.

Зад Вугринец се пласира Игор Карачиќ од Вардар, кој собра 50 бодови, а после него е голманот на Металург, Дарко Станиќ, со 43 бода.

Ова признание се доделува по седми пат, а претходни лауреати се:

2008 – Eдуард Koкшаров   (Цеље ПЛ)
2009 – Kире Лазаров   (Загреб)
2010 – Иван Чупиќ   (Горење Велење)
2011 – Иван Балиќ   (Загреб)
2012 – Немања Грбовиќ   (Ловќен)
2013 – Борут Мачковшек   (Цеље ПЛ)
2014 – Ренато Вугринец   (Металург)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top