| четврток, 6 декември 2018 |

Азиски бизнисмени осудени во Англија заради местење натпревари

fudbal

Двајца азиски бизнисмени со потекло од Сингапур се прогласени за виновни во процесот кој се водеше против нив за местење натпревари.

„Местачите“ Кришну Ганешан и Чан Шанкаран договарале резултати во пониските англиски фудбалски лиги.

Судот во Бирмингем пред донесување на пресудата заседавал 12 часа.

Освен за виновниците, обвинителен акт се води и за фудбалерите Мајкл Боатенг и Мозес Сваиб, додека поранешниот играч Хаким Аделакун е ослободен од обвинението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top