| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете зошто не треба да го местите креветот секое утро?

Во постелнината се наоѓаат околу 1, 5 милион грини, кои негативно влијаат врз здравјето, а се честа причина и за алергиите и астмата. Овие микроскопски суштества сакаат темни и влажни места, а не сакаат сончеви, топли и суви – токму таква средина што се создава ако ја оставите постелнината растурена и изложена на сонце.

Една студијата покажала дека нездиплената постелнина, изложена на сонце има многу помало количество грини. За уште подобар ефект, стручњаците препорачуваат да ја перете постелнината барем еднаш неделно во врела вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top