Големо невреме проследено со силен дожд во вторникот беше причина за прекин на сообраќајот на локалните патни правци што го поврзуваат Дебар со бањата „Косоврасти“ и селото Горно Косоврасти.
Раководителот на единицата на Дирекцијата за заштита и спасување во Дебар, Адмир Горенца, за „Макфакс“ изјави дека блокирањето на патиштата е поради големи наноси на земја и камен на делот од Косоврашки мост до клучката од каде што се оди кон селото Горно Косоврасти и хотелот „Термал“, дел од бањскиот локалитет на Косоврашка бања при Дебарски бањи – Цапа . Екипи на Македонија пат излегоа на терен и работат на расчистување на блокираните патишта.
На влезот од селото Долно Косоврасти има голема поплава, а во неколку куќи се поплавени подрумските простории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.