Стабилизирање на времето можеме да очекува од петок, кога се очекуваат врнежи само во претпладневните часови.
Од сабота можеме да очекуваме целосно стабилизирање на времето кое ќе трае и во текот на наредната недела.
– В сабота нè очекува стабилизација, освен во западниот дел на Македонија каде што нè очекува локален дожд, а од недела веќе ќе имаме стабилно време. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени, а в петок, температурата ќе биде пониска за некој степен – вели Костадинка Арсова, синоптичар во УХРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.