Новата песна на „Суперхикс банда инструментале“, наречена „Мајмуни“, е дел од новиот материјал на групата и го наговестува следното студиско издание, но воедно е и своевидно продолжение на претходно започнатата музичка приказна на Хикси.
– „Мајмуни“ е на некој начин продолжение на сагата за „Африка“, Без намера да бидат вистинските мајмуни навредени, омаловажени и потценети. Вистинските мајмуни се интелигентни и културни суштества за разлика од ’нашите’. Нашите ги користат сите ’мајмунски’ трикови за да успеат во животот и ја ’мафтаат’ на тој начин онаа друга категорија на ’мајмуни’ и тоа пак некако им успева. Сè на сè, ова е приказна за Мајмуните во Бабун Градот. – изјавуваат момците од Банда инструментале.
„Мајмуни“ e дело на Борис Минов и Петар Младеновски, а е во аранжман на „Суперхикс“.
Снимена е во студиото „Марифет“ во Скопје, а продуцирана од страна на Ивица Јанкуловски Штраф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)