„Гугл“ лансираше нова галерија „Стрит арт проџект“ (Street Art Project), која нуди можност да ги погледнете сите улични дела од цел свет со точните локации
Фотографиите се преземени од проектот „Гугл стрит вју“ (Google Street View), а се прикажани дури и графити што веќе не постојат. Колку само за информација, во Лондон се регистрирани 500 локации од интересни графити. Проектот вклучува повеќе од 4.000 дела, па доколку ве интересира конкретно некој графит потребно е да ја посетите галеријата на интернет и да го впишете името на артистот или конкретните дела што ве интересираат.
Со овој проект „Гугл“, всушност, покренува иницијатива за заштита на уличната уметност, која за многумина претставува чин на вандализам, а не ретко се случува некое феноменално дело да биде уништено. На овој начин тие ќе бидат меморирани во виртуелниот простор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.