| четврток, 6 декември 2018 |

Десетмина цивили убиени во судири во Краматорск

Десетмина цивили се убиени и уште толку се ранети во вооружените судири во источниот украински град Каматорск од украинските сили за безбедност, изјави претставник на проруските активисти, јави ИТАР-ТАСС.

kramatorsk

Дел од Краматорск остана без вода и струја при нападот на центарот на градот со артилериско оружје, изјави претставникот на т.н. народни волонтери. Оган бил отворен кон област во која се наоѓаат станбени објекти.

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Андриј Парубај прогнозираше дека украинските сили за безбедност, кои спроведуваат операција против проруските активисти во источниот дел на земјата, ќе бидат подготвени за прекин на огнот по пет до седум дена.

По тоа ќе започнат обидите за спроведување на мировните иницијативи на претседателот Петро Порошенко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top