
Јапонски експерти ќе работат на студија за оправданост за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем за заштита на Охридско Езеро.
Експертите треба да пристигнат денеска, а на проектот ќе работат со претставници од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро.
Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат информира дека ќе работат во согласност со планот.
– До декември годинава треба да се изработи нацрт-верзијата на студијата за оправданост, а во март идната година се очекува да биде готова и финалната верзија – изјави Пановски.
По изработката на студијата за рехабилитација, ќе се бараат донатори за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем на Охридско Езеро од македонска страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


