Гром удри во камп во Грција каде што летувале 33 деца од Македонија, преку сноуборд клубот “Полар”. При ударот на громот, потешко е повреден тренерот Дино Хоџиќ, кој во моментов е на лекување во болница во Солун, пренесува „Вест“.
Ниту едно од децата не е повредено, но вчера рано утрото, веднаш биле вратени дома, бидејќи биле во шок и многу исплашени. Децата, на возраст од 9 до 13 години, преку клубот “Полар” во средата заминале на летување во туристич киот место Вурвуру, Грција каде што требало да престојуваат до четврток. Во неделата напладне, додека биле на плажа, од ведро небо удрил гром, од кој дирекно бил погоден тренерот. Според известувањето објавено на веб сајтот на клубот, децата веднаш биле однесени на лекарски прегледи, а тренерот Дино Хоџиќ, кој бил потешко повреден, морал да биде пренесен во болница во Солун. По извршените прегледи било констатирано дека ниту едно од децата не е повредено, но бидејќи биле исплашени, биле вратени во Скопје. Родителите со кои вчера контактиравме се задоволни од грижата на тренерите кон децата и како се справиле со ситуацијата.
Целиот текст на „Вест“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.