| четврток, 6 декември 2018 |

Тениско запросување во живо – Емрих со солзи во очи клекна пред Краичек

Пред само неколку минути, по победата на холандската тенисерка Михаела Краичек во првиот меч од Топшелф турнирот во Холандија, нејзниото момче, германскиот тенисер Мартин Емрих ѝ се придружи на теренот со изненадување.

Знам дека сме заедно само десет месеци, но ти го промени мојот живот. Јас повеќе не можам да се замислам ако не легнам и не се разбудам покрај тебе – започна Емрих.

Со солзи во очите и растреперен глас тој клекна на колена пред својата сакана, а Краичек одговори со „да“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top