| четврток, 6 декември 2018 |

Четири нови пешачки патеки се градат во Аеродром

Четири нови пешачки патеки се градат во општина Аеродром, кои ќе им го олеснат движењето на граѓаните во општината и ќе придонесат за нејзин развој и разубавување.

pateki1

Во тек се градежни активности за изградба на нови пешачки патеки, и тоа од булевар АВНОЈ бр. 26 до улица „Васко Карангелевски“ во должина од 81 метар; две пешачки патеки на улица „Владимир Комаров“ бр. 15, во должина од 100 метри и кај детската градинка „Срничка“ клон „Црвенкапа“, во должина од околу 60 метри.

Исто така, во тек е изградба на нови пешачки патеки во Реонски центар „Аеродром“ во вкупна должина од околу еден километар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top