Неколку големи ракометни селекции нема да бидат дел од Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Катар.
По одигрувањето на вторите натпревари од баражот за пласман на СП, познати се сите европски селекции учеснички на Мундијалот, а тоа се: Шпанија (бранител на титулата), потоа Данска, Франција и Хрватска кои пласманот го обезбедија на ЕП одржано оваа година, Македонија, БиХ, Словенија, Белорусија, Русија, Чешка, Полска, Шведскаи Австрија.
На Мундијалот во Катар не се пласираа силни ракометни селекции како што се Исланд, Унгарија и Србија.
Освен европските селекции, познати се уште осум учесници од другите континенти: Катар (домаќин), Алжир, Египет и Тунис (според пласманот од првенството на Африка во 2014 година), Бахреин, Иран и Обединети Арапски Емирати (според пласманот од првенството на Азија во 2014 година) и Австралија (претставник на Океанија).
Останува да се пополнат трите места што им припаѓаат на претставниците на Пан Америка, а тие ќе се знаат по првенството кое ќе се одржи од 22 до 29 јуни во Уругвај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.