| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ отвора ресторан во Скопје

antic

Единствениот Македонец во НБА отвара свој ресторан во станбениот комплес Парк Резиденс зад арената Филип Втори, дознава Економски.мк.

Како што дознаваме, станува збор за партнерство со доскорешниот менаџер на ресторанот Скала кој се наоѓа во близина на фонтаната Парк, каде што Антиќ беше секојдневен гостин.

По десетина години градење, неколку рушења, измени на намената на објектот и промени на сопственичката структура, контроверзниот „Кинески ѕид“ залепен до националната арена „Филип Втори“ минатиот месец официјално беше отворен под ребрендираното име – резиденцијален комплекс „Парк резиденс“.

Објектот со луксузни апартмани за живеење и хотел на пет ката беше легализиран од општина Центар, врз основа на Законот за постапување со бесправни објекти, а инвестицијата, по неколку годишна статус кво состојба, реши да ја дозаврши компанијата „Имморекс Македонија“.

Според информациите до кои дојде Економски, покрај комфорот за живеење кој го нудат инвеститорите, Скопјани ќе можат да уживаат и во угостителските услуги на ресторанот на Антиќ, кој би требало да почне со работа од август.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top