Македонскиот шампион Вардар повторно загуби на пријателски натпревар, овојпат од последнопласираниот тим во нашето првенство, Тетекс, со 1-2. Ова беше последна контрола за есенскиот лидер и актуелен шампион на Македонија, а ефектот е поразителен. Вардар нема победа, откако Никола Илиевски Џиџи го презеде кормилото од Боби Милевски, а особено боли поразот со „петарда“ од ОФК Београд. Српскиот тим го декласира составот во „црвено-црни“ дресови со 5-2, а сега и Тетекс беше подобар, во натпревар што се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. „Текстилците“ заслужено славеа со головите на Филип Петковски во првиот дел. Вардар намали во последните моменти на натпреварот, а стрелец беше засилувањето од Србија Петровиќ.
Најверните вардарови навивачи, „Комитите“ не го видоа голот првенец на Петровиќ, откако револтирани од слабите игри на своите миленици, го напуштија стадионот уште по првиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“