| четврток, 6 декември 2018 |

Ослабела 40 килограми, бидејќи го видела момчето со друга

Сара има 28 години и е од Лондон. Таа тежела 100 килограми, па нејзиното момче ја напуштило.

Но откако таа налетала на него и го видела со друга, послаба девојка, ја добила потребната мотивација за да ослабе. За две години, таа ослабела цели 40 килограми.

Сара отсекогаш била полничка, но во бременоста почнала многу повеќе да јаде и никако не успеала да ја искорени таа лоша навика и по породувањето. Стигнала до 100 килограми и не можела да ослабе со никакви диети.

Таа била скршена и убедена дека момчето и раскинало затоа што била дебела, иако тој ја убедувал дека тоа нема врска со причината за раскинување.

Но откако таа го видела поранешното момче со друга девојка, се почувствувала понижено и почнала да плаче. Сара за овој немил настан вели дека е најдоброто нешто што и се случило во животот, затоа што ја натерало да ослабе и да почне да живее здраво.

Таа почнала да трча и одела на фитнес, јадела помали и здрави оброци и за само две години успеала целосно да го смени својот изглед, па сега таа изгледа привлечно и секси.

Сара на шега вели дека сега повторно би сакала да ги сретне нејзиното поранешно момче и девојката, за да им покаже колку добро изгледа и колку е секси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top