Со четири истрели од огнено оружје ноќеска убиен е пратеникот од редовите на Демократската партија на Косово, Елвис Писта. Според полицијата мотивите и извтршителот се уште се непознати.
Писта бил застрелан на паркингот на ресторан во неговиот роден град Раховец, во моментот кога со сопругата и неколку пријатели излегле од објектот, каде славеле роденденот на сопругата Бесарта. Во него било пукано од зад грб. Според полицијата убиството било добро испланирано.
Писта бил веднаш префрлен во болница, но лекарите само контатирале смрт. Писта за пратеник беше избран на последните парламентарни избори. Премиерот и лидер на ДПК, Хашим тачи, изрази глабоко сочувство до неговото семејство и вети отркивање на атентаторите на убиството. Убиството го осуди и лидерот на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај барајќи итно расветлување на убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одреден притвор за уште еден опозициски пратеник во Црна Гора
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба


