Новиот претседател на Словачка, Андреј Киска, кој победи на изборите во март ја презема функцијата. Киска е четвртиот претседател на Словачка од основањето на државата во 1993 година.
Стапувањето на претседателската функција ќе биде одбележано со инаугуративен говор на Киска, воена парада и гала вечера со бездомници и постари лица. Новиот претседател на Словачка, заклетвата ќе ја даде во Парламентот.
Вчера беше одржана пробна церемонија, а фотографии од неа беа објавени на Фејбук профилот на Киска.
– Ќе ја отворам претседателската Канцеларија за луѓето, кои имаат потреба од помош од сите нас. Така барем симболично уште првиот ден ќе покажам што ќе биде за мене приоритет при вршењето на претседателската функција, изјави бизнисменот и филантроп Киска.
Педесет и едногодишниот милионер досега е непознат во политиката, а како стопанственик има основано повеќе добротворни организации кој делуваат во Словачка и Чешка. Тој на непосредните претседателски избори во март, во вториот круг го победи актуелниот премиер и претседател на Смер- социјална демократија, Роберт Фицо. На функцијата шеф на словачката држава ќе го замени Иван Гашпарович, кому му завршува вториот петгодишен претседателски мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.