| четврток, 6 декември 2018 |

Милетиќ и Величковски не го поддржаа Црвенковски

Лидерот на Српската напредна странка Драгиша Милетиќ и првиот човек на Либералната партија на Македонија, Ивон Величковски, кои се дел од коалицијата „Сојуз за иднината“ на СДСМ, не се појавиле на денешната конвенција на опозицијата одржaна во Куманово.

Опозициската коалиција денеска во Куманово донесе одлука за бојкот на изборите. Но се уште е отворено прашањето зошто не се појавија Величковски и Милетич. Почесниот претседател на либералите, Стојан Андов, вчера остро го нападна Црвенковски и побара од лидерот на партијата да се повлече веднаш и да дозволи друг да го организира партискиот конгрес во мај.

Величковски пак, во интервју за неделникот „Република“ од пред неколку дена рече дека со бојкотот на изборите го дава последниот влог во коалициската солидарност и дека му е криво што ги бојкотира изборите.

Од друга страна, односите на Црвенковски со првиот човек на Српската напредна странка, Драгиша Милетиќ, се влошија отккао Милетиќ му овозможи на Стевчо Јакимовски да му сврти грб на Црвенковски и преку неговата партија да се кандидира на изборите.

Јакимовски веднаш потоа беше експресно исклучен од партијата, додека коалицијата на Црвенковски со Милетиќ опстои.

Сепак, непојавувањето на Милетиќ на денешната конвенција во Куманово покажува знаци на ново разединување во коалицијата, која и тоа како трпи сериозни удари откако дел од членството на СДСМ ја напушти матичната партија и преку други партии се кандидираше на локалние избори, непочитувајќи ја одлуката на Црвенковски за бојкот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top