| четврток, 6 декември 2018 |

Под Северна Америка научниците пронајдоа „скриен“ океан

Најновите истражувања тврдат дека под Земјата се наоѓа скриен океан на длабочина од околу 64о километри под Северна Америка. Скриениот резервоар, наводно заклучен во син кристален минерал, може да има трипати повеќе вода отколку што ја има во океаните на површината на земјата.

Доказите за постоењето на масивен резервоар на вода ги пронашле истражувачите од Универзитетот Нортвест, на чело со Стивен Јакобсен. Ова откритие би можело да појасни од каде дошла водата на Земјата и како подземните води влијаат врз придвижувањето на карпите во земјината надворешна кора, пишува „Хафингтон пост“.

-Геолошките процеси на земјината површина како што се потресите и вулканските ерупции се израз на она што се случува во внатрешноста на Земјата, вели Јакобсен и додава: Мислам дека конечно ги гледаме доказите за целиот земјин циклус на водата, што може да помогне при објаснувањето на големите количества вода на површината на нашата планета. Научниците се во потрага за оваа исчезната длабока вода веќе со децении.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top