| четврток, 6 декември 2018 |

Брзата помош ѝ ја исполнила последната желба на пациентка на смртна постела – никој од болничарите не можел да ги скрие солзите

Персоналот од екипата на Брзата помош од Квинсленд, Австралија, на пациентка која била на смртна постела и ја исполниле нејзината последна желба и ја однеле на плажа за да го види океанот за последен пат.

По неа отишле до болницата од каде ја однеле на заливот Харвеј за да и дадат неколку минути да ужива во глетката и мирисот на крајбрежјето.

– Почнав да плачам кога видов колку е среќна. Кога ме видоа мене, и другите колеги не можеа да се воздржат од емоциите кои сите не преплавија во тие моменти, изјавил еден од членовите на медицинскиот персонал на Итната помош од Квинсленд.

– Некогаш не се битни лековите и вештините кои ги имаме, туку само емпатијата, додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top