Генералниот секретар на ОН, Бан Ки МУН во петокот за својот 70-ти роденден доби необична торта од боливискиот претседател, Ево Моралес-торта од лисја на растението кока.
Ки-Мун овој викенд се во боливискиот град Санта Круз каде се одржува состанокот на групата Г-7.
-Боливискиот народ никогаш нема да ја заборави вашата посета, рекол Моралес пред повеќе стотини присутни облечени во традиционална боливиска носија.
Бан се заблагодарил но не сакал да ја проба тортата, ниту да го потврди мислењето на Моралес за коката.
-Боливискиот народ има големо срце и голема мудрост. Со илјади години живее во храмонија со природата, рекол Бан.
Боливија е меѓу најголемите произведувачи на кокаин зад Перу и Колумбија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Боки славеше роденден, Лила му дојде по танга (ФОТО)