Тој е како сенка која постојано се појавува на друго место. Повеќе не сум сигурен што за него е вистина, а што лага, изјави поранешниот командант на британските специјални сили.
– Откако сунитската милитантна група Исламска држава Ирак и Сирија позната по називот држава Ирак и Левант(ISIL), во неверојанто кус период почна да зазема мошне големи и стратешки подрачја во Ирак, на Блискиот исток настана вистинска узбуна.
Америка е на праг да донесе одлука за покренување на вцоздушни напади на ISIS, Иран веќе испрати неколку елитни единици од својата Револуционерна гарда на територијата на Ирак за да се борат со милитантите, Британците наводно го разгледуваат испраќањето на своите SAS единици, а не е исклучена ниту можноста од турска интервенција.
На чело на ISIS е немилосрдниот и мистериозен Абу Бакр ал-Багдади, кој многумина го нарекоа новиот Осама Бин ладен, а Американците нудат 10 милиони долари за неговата глава. Го опишуваат како амбициозен насилник со врвни тактички способности, но за него како за личност нема многу познати детали.
Објавени се само две негови фотографии, а нивната автентичност се додевдува во прасанје, со оглед дека Багдади наводно ретко се открива и пред сопствените соборци, на кои им се обраќа скриен со маска на лицето. Поради тоа еден од неговите прекари е „Невидливиош шеик“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.