Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, a попладне облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на невреме со изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, а можна е и појава на град. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во недела времето во попладневните часови ќе биде нестабилно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.