| четврток, 6 декември 2018 |

Солза Грчева „бојкотира“ со собраниски лап – топ и мобилка?!

Solza-GrcevaСолза Грчева еден од 33-те опозициски пратеници кои ги вратија мандатите и го почитуваат ставот на партијата за бојкот на изборите заради изборни кражби и нерегуларности, според извори од службите на Собранието, сепак бојкотот не го спроведувала целосно. Извори од таму тврдат дека таа подигнала службен лап – топ и мобилен телефон, кои и следуваат како пратеник, а сметаат и дека ќе ја подигне исплатената плата. Грчева во нејзините Фб – статуси честопати пишува дека бојкотот не е решение и не крие дека наспроти партискиот став битката требало да се води од говорница.

Извори на Либертас тврдат дека е сосема реално на Роза Топузовска да и се придружи и Солза Грчева. Засега Солза ваквиот евентуален чекор го најавува само преку Фејсбук, а технички се уште го почитува бојкотот. Либертас се обиде да стапи во кoнтакт со Грчева и да ја провери информацијата дали веќе подигнала лап топ и мобилен од Собранието и дали ќе и се приклучи на Топузовска, но наместо таа ни се јави нејзина пријателка која тврди дека Солза го заборавила мобилниот кај неа, па ќе била достапна дури утре, кога ќе и го вратела. Пријателката ни рече и да не ја бараме и на домашниот фиксен телефон, бидејќи не била тука. Инаку Грчева е избрана за пратеник на последните избори како кандидат на опозициската СДСМ во чии редови преминала пред извесно време од ЛДП. Во времето кога била либералдемократка, споделувала и пријателски, но и политички ставови слични со Роза Топузовска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top