| четврток, 6 декември 2018 |

Црвенковски повика на бојкот, пропаднатиот глас бил глас на народот

Kој е со нас е добредојден, кој не е нека му е среќен патот –изјави лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски во Куманово.

Тој вели дека изминативе денови го прозивале него и ги прозивале пратениците како плачеле по платата, па како градоначалниците и луѓето од општинските организации не можеле да издржат, како Сојузот за иднината се распаѓал, а со него и СДСМ. Но тоа не било точно. Јасниот одговор бил дека одат до крај.Па, еве оваа преполна сала е јасен одговор за сите душегрижници дека одиме до крај – рече лидерот на СДСМ, Црвенковски.

– СДСМ е бетон партија, поцврста и поединствена зашто сме на вистинската страна, не смееме да се откажеме од надежта дека битката ќе ја добиеме. За Македонија со самопочит и за почит вреди човек да не се штеди и да се бори до крај. Тие бегаат и од гласот на народот и од избори – рече Црвенковски.

Тој повика на бојкот на изборите.

– На 24 март е најважниот избор, гласот на оние кои нема да излезат на избори нема да биде пропаднат, туку глас на народот. Тешко ќе биде, но ве уврерувам на крајот ќе победиме – рече Црвенковски.

Тој порача и дека и до мај и по мај нема спас од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top