| четврток, 6 декември 2018 |

Осмица за Стевче, 19-ка за Коце

Три различни бројки ќе стојат пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори. Сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат под редниот број 19 на гласчките ливчиња. Денешната жребка во ДИК одреди во местата каде што коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 19 партии, односно онаму каде што ДОМ на Лиле Поповска има своја листа, да биде под реден број 6. Во местата каде што коалицијата брои 18 партии односно каде што свои листи имаат и ДОМ и партијата на Турците на Хасипи ќе биде под реден број 4.
Стевчо Јакимовски во Карпош ќе биде под редниот број  8. Кандидатите за градаоначалници и советници на ДУИ секаде ќе бидат под реден број 17, додека оние на ДПА под реден број 22

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top