| четврток, 6 декември 2018 |

„Вечната куќа“ триумфираше во Прилеп: понесе 10 награди на Фестивалот „Војдан Чернодрински“

Претставата „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски на МНТ е апсолутен победник на 49 издание на МТФ,,Војдан Чернодрински“. Претставата освои 10 награди и тоа: за претстава во целина, режија, главни улоги, за музика, сценски движења, костимографија, сценографија, млада актерка..

Според жирито, станува збор за исклучително сложен театарски проект, осмислен да опфати голем временски период и ни овозможува да видиме епска слика во која се доловени македонските, европските, па и светските цивилизациски стереотипи.
За најдобри актери, наградени се: Искра Ветерова и Тони Михајлоски, додека најдобри млади актери, наградени: Дарја Ризова и Атанас Атанасовски.

C41754BA-E3CE-4889-94E0-395905A24CFC_mw1024_n_s

На Јордан Плевнеш вечерва ќе му биде доделна наградата за текст, а Валентин Светозарев е награден за сценографија, Благој Мицевски за костимографија, Горан Трајковски за музика и Сташа Зуровац за сценски движења.
Наградата за машка епизодна улога ќе ја добие Андон Јовановски, за рекламен материјал Владимир Ѓорѓијоски, додека за епизодна женска улога Валентина Грамосли, а за сценска драматизација Викторија Рангелова.
49. издание на МТФ „Војдан Черндорински“ завршува вечерва со изведбата на претставата „Важно е да се викаш Ернест“ во режија на Ирена Стеријовска, на театарот Комедија од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top