| четврток, 6 декември 2018 |

Туристичка посета на Марс во 2018 година

poseta na marsПрвиот вселенски турист, американскиот милијардер со италијанско потекло, Денис Тито планира да организира туристички лет до Марс во 2018 година.  Како превозно средство би се користела „Space X dragon“ капсула. 72 годишниот Денис Тито планира да ја искористи ретката можност – усогласувањето на Марс и Земјата кое овозможува брз и ефикасен лет од едната до другата планета и назад. Мисијата би траела 501 ден и би вклучувала само прелетување над Марс, а екипажот не би излегол од леталото.

Засега не се знае дали мисијата би успеала бидејќи временскиот рок е краток. Самото летало би било скромно опремено без одделни одаи, без тушови, па затоа постои страв дека екипажот нема да може психички да поднесе патување долго 501 ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top