| четврток, 6 декември 2018 |

Макро, жив, со бетонска плоча, фрлен в река

сава

Џемси Демири (34) во Сава е фрлен жив, со бетонска плоча врзана за ногата и облепен со самолеплива лента околу лицето, утврдено е со обдукција. Демири, роден во Бујановец, познат ѝ е по многубројни кривични дела на српската полиција, но и на полициите од регионот, каде што подведувал жени.

– Демири во Белград е апсен повеќе пати поради кражба, провалување во дуќани, автомобили и препродажба на бакар. Во Белград немал постојано живеалиште, а често бил во Панчево, Нови Сад, Суботица – велат во белградската полиција, која ја води истрагата за убиството

Местото  од кое Демири е фрлен сè уште не е утврдено. Не се знае ни кој, ни зошто го фрлил во Сава, но се претпоставува дека е во прашање криминална пресметка

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top