Под мотото „Дарувај крв за тие што даруваат живот“ денеска во Дневниот центар за дарување крв „Даре Џамбаз“ ќе биде одбележан 14 јуни- Светскиот ден на крводарителството.
Со активностите за дарување крв Црвениот крст на Република Македонија се вклучува во глобалната кампања за промоција и унапредување на крводарителството.
На настанот ќе присуствуваат крводарители, како и претставници од Институтот за трансфузиска медицина, канцеларијата на Светската здравствена организација Скопје, Агенцијата за млади и спорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.