Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Црвениот крст на град Скопје ја започнува акцијата Месец на крводарителството.
– Очекуваме слични акции да бидат изведени и во другите поголеми градови низ републиката, со тоа што се очекуваат да бидат дарувани околу 200 крвни единици. Унијата на млади сили и претходно има покажано дека е една хумана организација со многубројни организирани активности и се надеваме дека во иднина овој месец на крводарителството ќе се претвори во традиција – изјави Маре Ушковска потпретседател на УМС.
Сите млади луѓе кои сакаат да спасат живот и да бидат крводарители можат да дојдат во дневниот центар „Даре Џамбаз“ од 9 часот наутро до 14 часот попладне и да даруваат крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УМС е движечка сила и столб на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш сме на браникот на државните интереси (Видео)
-
УМС на ВМРО-ДПМНЕ:Сорос влезе во Владата на Заев и СДС и докажа дека битката никогаш не била за слобода
-
Младите стојат зад ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе го дадат крајниот суд на 11-ти декември (Фото)
-
Дебарчани меѓу најхуманите во крводарувањето